Италијанскиот фудбалски тренер , Карло Анчелоти, ги коментираше наводите за нелегално обложување на Сандро Тонали и Николо Фаџоли.
„Тоа беше сериозна грешка, на тие играчи им треба третман. Од научна гледна точка, зависноста од коцкање е болест“ – вели Италијанецот.
„ Во исто време, верувам дека тоа е вина на поединечни луѓе а не на целиот италијански фудбал – тоа би било претерување“ – вели Анчелоти.