Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го сподели своето мислење по ремито 1:1 на „кралевите“ со Атлетико Мадрид.
„Ситуацијата во Ла Лига е комплицирана. Така беше и пред натпреварот, но сега е уште покомплицирано. Сепак, ќе се бориме до последното коло“, изјави Анчелоти.
„Ни недостигаше психолошка свежина, повеќе отколку физичка свежина. Примивме гол, па потоа ни требаа десет минути за да се вратиме на нозе“, објасни италијанскиот специјалист.
Реал веќе заостанува 7 бода зад лидерот Барселона, а Каталонците имаат и натпревар помалку.