Тренерот на Реал Мадрид зборуваше за квалитетот на противникот во пресрет на натпреварот на Реал Мадрид со РБ Лајпциг.
Денеска ќе се одигра натпреварот од 2.коло од групната фаза во Лигата на шампионите на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
„Ова е важен натпревар. РБ Лајпциг имаше проблеми на стартот од сезоната, но имаше одличен натпревар против Борусија (3:0). Имаат одличен тим, технички и брз. Мора да играме многу добро за да победиме. РБ Лајпциг има многу опасна линија на напад. Нкунку е брилијантен играч. Погледнете само како играше минатата сезона“ – изјави Карло Анчелоти.
Дуелот меѓу Реал Мадрид и РБ лајпциг се игра вечерва од 21.00 часот.