Ливерпул и Реал Мадрид доцна вечер од 21.00 часот ќе ги одмерат силите во првиот меч од осминафиналето во Лигата на фудбалските Шампиони.
Тоа практично ќе биде реприза на минатогодишното финале кое сега ќе трае 180 минути. Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти, знае дека ќе биде тешко да се елиминира англискиот гигант.
„Имаме убави спомени од минатогодишното финале. Квалитетот на Ливерпул не е променет. Ништо нема да се реши на првиот меч“ – вели италијанскиот тренер на клупата на „белите“.