Тренерот на фудбалерите на Наполи, Карло Анчелоти, свесен дека состојбата во клубот е максимално турбулентна по сите превирања меѓу претседателот Лаурентис и фудбалерите, побара да се спушти топката и сите да се насочат кон денешниот меч со Ливерпул.
„Ја имаме првата шанса да обезбедиме пласман во наредната фаза во Лигата на шампионите. Сите во тимот се фокусирани а атмосферата е порелаксирана откако ја прекинавме комуникацијата со медиумите, нема интерна војна“ – вели Анчелоти.
„Претседателот Аурелио Де Лаурентис не можеше да дојде во Ливерпул бидејќи имаше долг пат од Лос Анџелес. Се слушаме секој ден и се додека тој ја плаќа телефонската сметка, немам проблеми“ – вели тренерот на Наполи.