Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, вели дека Килијан Мбапе мора да добие поддршка од тимот за да ја надмине голгетерската криза. Французинот во последните 6 средби постигна само еден гол.
„Тимот има проблем и нема стабилност. Мора да направиме се што можеме за да се подобриме“ – вели Италијанецот.
„Килијан знае дека мора да игра подобро заедно со сите други. Мора да продолжиме да го поддржуваме“ изјави тренерот на „кралевите“.

