Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, објасни зошто стартуваше со Модриќ на вчерашниот меч со Атлетико Мадрид кој му припадна на градскиот ривал.
„Почнав со Модриќ затоа што сакав да ја имам топката што е можно повеќе а сакав и да го одморам Чуамени“ – вели Анчелоти и објасни зошто на паузата го остави Хрватот во соблекувалната.
„Затоа што Атлетико беше подобар од нас. Тие рано постигнаа два гола, подобро се бранеа и имаа брза транзиција“ – изјави тренерот на „кралевите“.