Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, му ветил на претседателот на клубот Флорентино Перез дека тимот ќе се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите, објавија медиумите во Шпанија.
Според истите, италијанскиот фудбалски стручњак му испратил порака на својот претпоставен, кој во вторникот на 8 март наполнил 75 години, која гласела: „Ќе ти дадам четвртфинале претседателе“. По натпреварот, Перез беше во соблекувалната на тимот, каде што го поздрави секој играч од тимот. Било јасно дека е многу среќен.
Реал Мадрид славеше на „Сантијаго Бернабеу“ со 3:1 над Пари Сен Жермен и со вкупен резултат 3:2 се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите.