Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти го сподели своето мислење за својот колега Жозе Мурињо кој е на клупата на Рома.
„Го познавам Жозе многу години и верувам дека Рома го промени. Ова е совршена соработка и за Мурињо и за Рома. Тој е одличен фудбалски тренер. Што не се смени? Неговата искреност и интелигенција не се променети“, изјави Анчелоти.
59-годишниот Португалец го презеде водството на римскиот клуб во летото 2021 година. Рома под водство на Мурињо ја освои Конференциската лига на крајот од сезоната 2021/2022. Вкупно, Мурињо ја водел Рома на 73 натпревари.
Сезонава Рома предводена од Мурињо е на четвртото место по 12 кола со 25 бодови. Исто така, римскиот тим се пласираше во плеј-офот од Лигата на Европа.