Поранешниот тренер на Баерн (М), Карло Анчелоти би можел да се пресели во Русија и да седне на една од клупите на најсилните руски прволигашки тимови. Руските медиуми денеска шпекулираат дека Анчелоти имал сериозни разговори со менаџерските тимови на два руски тима – Локомотив и Зенит.
Особен интерес за Италијанецот има претседателот на Локомотив, Илија Херкус, кој и јавно изрази подготвеност на крајот на оваа сезона да започне преговори со италијанскиот специјалист.
Меѓутоа, Анчелоти исто така може да биде во ситуација да го наследи својот сонародник Манчини во Зњенит. Манчини би можел да стане селектор на Италија, а Анчелоти да добие „дебела“ понуда од богатиот тим од Ст. Петерсбург.