Предводникот на Наполи, Карло Анчелоти, не го криеше разочарувањето од поразот против Милан во 1/4 финалето од Купт на Италија. Тој призна дека неговиот тим не беше на вистинско ниво во оваа средба и поразот е заслужен.
„Вечерва не бевме на вистинско ниво. Нашата игра беше многу лоша и тешка по двата гола кои ги примивме. Милан потоа се смири. Покрај овие два гола, тие не направија многу шанси, но во моментов не сме доволно опасни за да се справиме со таква одбранбена игра. Без овие две грешки, ќе имаме повеќе слободен простор во играта. Тоа е само еден натпревар, па да не правиме премногу трагедија. Покрај италијанскиот куп имаме и други натпревари. Ако Јувентус го освои „Скудето“, тоа ќе биде благодарение на нивните победи, а не поради тоа што не можевме да им се спротивставиме. Пласманот во Лигата на Шампионите е главната цел за сите поголеми тимови и драго ми е што сме на таква добра позиција. Ние исто така имаме сериозни амбиции во Лигата на Европа”, рече Анчелоти по вчерашниот меч во Милано.