Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, по катастрофалниот пораз од Сампдорија со 3:0 вели дека не гледа нешто посебно што треба да се смени во тимот за да се надмине ова очајно издание.
„Го започнавме натпреварот исто како и во последните две натпревари. Потоа требаше да го смениме курсот, но денеска тоа не беше така. Не мислам дека имаме простор за многу промени. Треба да ги започнеме натпреварите повеќе фокусирани, затоа што овој став е неприфатлив. Ако имав магично стапче, би го сменил почетокот на натпреварот. Би сакал тимот да ја започне играта како што ја завршува“, вели Анчелоти.