Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, не сакаше да ги коментира најавите дека бекот на Ливерпул, Тренд Александар -Арнолд, од наредното лето ќе се пресели во неговиот состав.
„Ќе видиме. Тоа е единственото нешто што можам да го кажам. Сега сме фокусирани на мечевите“ – вели Италијанецот.
„Не сакам да зборувам за тоа бидејќи сега не е моментот. Во секој случај, задоволен сум од составот што го имаме“ – вели тренерот на „кралевите“.

