Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, остана цврсто на земја по победата на домашен терен од 2:0 над Ливерпул во првото коло од Лигата на шампиони.
Искусниот тренер го пофали квалитетот на играта на својата екипа и ја повтори целта за Наполи, а тоа е да ја помине групата и да игра во елиминациите.
„Се покажа дека беше многу изедначен натпревар. Ние направивме сè како што треба против најсилниот тим во Европа. Кога доминираше Ливерпул, добро се браневме и ги искористивме своите моменти. Нашата стратегија беше да го одиграме целиот натпревар без да направиме голема грешка и да победиме. Ме прашувате дали можеме да ја освоиме Лигата на шампионите, сепак прво размислуваме да ја поминеме групата“, коментираше Анчелоти.