Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше незадоволен од ремито против Осасуна (1:1). За првпат во сезоната Реал Мадрид не победи на официјален натпревар и сега и ја препуштија лидерската позиција во Ла Лига на Барселона. Двата тима имаат ист број на бодови, но Каталонците имаат подобра гол разлика.
„Не игравме со доволен интензитет. Дефинитивно немавме ден, но ја заслуживме победата. Генерално, не сум задоволен. Во второто полувреме имаше подобрување. Замените донесоа свежи идеи, но натпреварот не одеше според нашите планови. Нерешениот резултат е разочарувачки за нас “, прокоментира Анчелоти.
„Нормално е што Бензема не е во оптимална форма по повредата. Тој е нашиот најдобар изведувач на пенали. Во последните минути се играше фудбал кој не му одговараше. Една позитивна серија заврши, но можеме да започнеме уште една“, додаде италијанскиот тренер на клупата на Реал Мадрид.