Тренерот на Реал (М), Карло Анчелоти откри кој би можел да го замени напаѓачот Карим Бензема во неговиот тим.
„Не е точно дека нема кој да го замени Бензема. Ги имаме Маријано, Азар, Родриго, понекогаш Асенсио, па дури и Модриќ. Бензема игра на секои три дена, а понекогаш му треба одмор. Со еден натпревар неделно добро се снаоѓа. На средбата со Бетис не успеа на крајот, но тоа не е поради неговата физичка состојба“, изјави Анчелоти.
Реал Мадрид во саботата во четвртото коло од шпанското првенство го победи Бетис со 2:1.