Серијата без пораз на Реал Мадрид во Ла Лига заврши синоќа. „Кралевите“ загубија со 3:2 на гостувањето против Рајо Ваљекано на нашиот Столе Димитриевски и му го оставија врвот на табелата на својот главен конкурент, Барселона.
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е вознемирен поради резултатот, но сигурен дека тимот повторно ќе се издигне.
„Знаевме дека така ќе играат. Тие беа подобри од нас во дуелите. Само имавме лоша ноќ и така е. Винисиус промаши две-три шанси од кои обично постигнува гол, а исто така и Асенсио. Ова не беше добар натпревар за нас. Ни недостигаат свежи нозе, што е нормално кога имаш одиграно толку многу натпревари. Кога ќе ја оцениме првата полусезона, добро се снајдовме“, изјави Карло Анчелоти.