Тренерот на Реал (М), Карло Анчелоти побара од своите фудбалери поголема сериозност и да се избегнат грешките кои ги направија во синоќешниот пораз од Реал Сосиедад со 2:0.
„Се боревме во првото полувреме, но потоа примивме гол и имавме исклучување. Се стана компилицирано. Не разговарав со Карвахал, па не знам точно што се случи. Сега доаѓа многу важен период кога мора да бидеме подготвени и обврзани да ги анулираме грешките кои ги имавме во последно време. Мора да играме посилно во следните два натпревари. Кога губиш вака, е многу непријатно. Но, мора да гледаме напред бидејќи финалето на Копа дел Реј е блиску и сакаме трофеј. Потоа ќе биде и Лигата на шампионите“, вели популарниот Карлито.