Реал Мадрид подготвува нова понуда за напаѓачот на Арсенал, Габриел Жесус. Бразилскиот голгетер и ова лето беше на радарот на Шпанците, но зделката пропадна поради проблемите со пасошот на напаѓачот.
Според веб-страницата „Гол“, Хесус се најде на списокот од пет играчи кои Карло Анчелоти ги бара да бидат доведени во Мадрид. Тренерот на Реал бара долгорочна замена за освојувачот на Златната топка, Карим Бензема.
25-годишниот Жесус се пресели во Арсенал, каде досега на 11 натпревари во Премиер лигата постигна 5 гола и даде 4 асистенции и малку веројатно е дека уште по една сезона ќе си замине од Емирати.