Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги сподели размислувањата за победата од 2-0 против Ајнтрахт (Франкфурт) во Супер-купот на Европа.
„Натпреварот не беше лесен. Нашиот противник одигра добро но, откако поведовме целосно ја контролиравме играта“ – вели тренерот на „кралевите“ кои по 5 пат го освија трофејот на УЕФА.
„Добрата атмосфера е значајна за позитивни резултати а победите не мотивираат“ – потенцира италијанскиот стратег на клупата на Реал Мадрид.