Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, призна дека Манчестер Сити ќе биде голем фаворит за освојување на Лигата на шампионите и оваа година. Карлито изрази надеж дека неговиот тим ќе оди што подалеку на турнирот.
„Нашата цел е да се бориме до самиот крај. Прво треба да ги поминеме групите, па осминафиналето и четвртфиналето. Мислам дека можеме да кажеме дека сме способни да влеземе во топ 4 без да чувствуваме преголем притисок“, одговори тој на денешната прес-конференција.