Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, крајно изнервиран се осврна на вчерашните случувања на теренот на Валенсија кога домашните фанови на расна основа го навредуваа напаѓачот на „кралевите“, Винициус Жуниор.
„Не сакам да зборувам за фудбал. Цел стадион извикуваше дека Винисиус е мајмун, Ла Лига очигледно има сериозен проблем“ – вели Италијанецот.
„Судијата тогаш ми го објасни протоколот. Тоа е смешно бидејќи со тоа не се спречуваат такви работи“ – изјави Анчелоти.