Според италијанските медиуми, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти разговарал со преставници на Јувентус околу можноста за купување на Душан Влаховиќ.
Шпанскиот гигант нема многу опции во врвот на нападот по заминувањето на Карим Бензема.
Јувентус е подготвен да се раздели со Влаховиќ доколку пристигне добра понуда. Интерес за напаѓачот има од многу клубови, но конкретни понуди не пристигнале во канцелариите на „бјанконерите“. 23-годишниот Србин пристигна во Торино во јануари 2022 година за 80 милиони евра и Јувентус сака блиску до таа сума.