Карло Анчелоти не ја криеше радоста од новата европска титула на Реал Мадрид. По вчерашниот меч со Борусија (Д) и победата во финалето на ЛШ во Лондон, Италијанецот вели дека Реал има шампионски квалитет.
„Клучот за овој тим е квалитетот. Оваа сезона игравме во првите десет, тоа го направивме многу добро. Многу сум среќен и многу задоволен од она што го направивме“, изјави тренерот на Реал Мадрид.

