Менаџерот на фудбалерите на Евертон, Карло Анчелоти, вели дека е потполно задоволен од вчерашната победа против Саутемптон (1:0) во натпреварот одигран во рамките на 26. коло во Премиер лигата. „Карамелите“ сега имаат 43 бодови и ја имаат седмата позицијана табелата.
„Имаме одлична можност да влеземе во топ 4 и сакаме тоа да го направиме. Секако, мораме да вложиме максимални напори и на мечот против Челзи“ – вели Анчелоти.
„До крајот на сезоната ќе ни претстои голема борба и треба да бидеме среќни. Несомнено, ако сакаме да бидеме во трката за ЛШ ќе мора да ја подобриме играта“ – изјави италијанскиот стратег.

