Карло Анчелоти веќе се согласил да го преземе Наполи, објави весникот „Кориере дело Спорт“. Маурицио Сари, сегашниот тренер на клубот, најверојатно ќе замине поради недоразбирање со претседателот.
Освен тоа Наполи ќе добие 8 милиони евра за него, ако друг клуб реши да го ангажира крајот на месецот. Во последните денови се зборува дека Анчелоти ќе биде заменик на Сари, а шефот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, веќе ја договорил зделката.