Новиот тренер на Наполи, Карло Анчелоти, потенцираше дека трансферот на нашиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас е завршена работа и дека тој набрзо треба да се активира во тимот.
„Многу сме блиску до ангажман на Елмас и се надеваме дека се ќе се заврши брзо. Тој е многу интересен фудбалер, остануваат уште неколку детали “ – вели Карло Анчелоти.
Според наводите, Елмас кој вчера го напушти Истанбул и турскиот состав Фенербахче, денеска треба да ги помине лекарските прегледи и потоа да го потпише договорот со гигантот од Неапол.