Фудбалерите на Реал Мадрид доцна вечер во Тексас ќе одиграат пријателски меч против големиот ривал, Барселона. Тренерот на „белите“, Карло Анчелоти, вели дека победи на првите два претсезонски натпревари покажале дека тимот има квалитет.
„ Не чека многу силен противник. Резултатот нема да има значење иако ние сакаме да ја продолжиме серијата“ – вели италијанскиот тренер на клупата на Реал Мадрид.
Белгискиот голман, Тибо Куртоа кој ги пропушти првите две контроли доцна вечер веројатно ќе доби можност да застане меѓу стативите.
