Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, вели дека Чуамени ќе мора да игра во дефанзива иако тоа не му се допаѓа. „Кралевите“ имаат многу повредени и казнети фудбалери и затоа сите мора да ротираат на одредени позиции.
„Чуамени ги има сите квалитети за да биде еден од најдобрите централни дефанзивци. Сигурен сум дека ќе биде лут поради. Тој може да игра како фудбалер од средниот ред и како дефанзивец, тоа е одлично“. – вели Италијанецот.
„Чуамени не сака да игра како централен дефанзивец, Камавинга не сака да игра како лев бек… но, во одредени моменти ќе мора да помогнат “ – нагласи тренерот на Реам Мадрид.