Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти одговори на одлуката за привремено регистрирање на играчите на Барселона, Дани Олмо и Пау Виктор.
„Регистрација на Олмо и Виктор? Имам мислење за ова прашање, но не сакам да зборувам за тоа“, изјави Анчелоти на официјалната веб-страница на Реал Мадрид.
На почетокот на јануари, Ла Лига, како и Шпанската фудбалска федерација, официјално ги одбија обидите за регистрација на каталонскиот клуб за Олмо и Виктор.
Сепак, во средата, на 8 јануари, се дозна дека Врховниот совет за спорт на Шпанија и дозволил на Барселона да ги регистрира Олмо и Виктор за вториот дел од сезоната во Ла Лига, Купот на Шпанија и Суперкупот додека не се разгледа жалбата на Барселона во судовите.

