Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Анчелоти: Судијата требаше трипати да го прекине мечот
    Фудбал

    Анчелоти: Судијата требаше трипати да го прекине мечот

    sasoBy saso27/12/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Дербито помеѓу Интер и Наполи кое требаше да донесе радост и среќа за навивачите не само на Апенините, туку и низ целиот свет, синоќа помина во ужасни сцени на расни навреди од трибините, а мечот во неколкку наврати беше на работ на прекин.

    Навивачите на “нероазурите” не престанаа со навреди на расна основа кон ѕвездата на Наполи Калиду Кулибали, а лично тренерот на наполитанците Карло Анчелоти призна дека трипати побарал средбата да биде прекината поради овие грди скандирања од трибините на “Сан Сиро”.

    „На три пати побаравме натпреварот да биде запрен поради расистичките скандирања. Имаше известувања од спикерот, но тие не престанаа да го навредуваат. Следниот пат кога такво нешто ќе се случи, ние самите ќе го напуштиме теренот, дури и ако тоа значи прекин на натпреварот и службен пораз за нас“, изјавил Анчелоти.

    Кулибали беше исклучен во време кога неговиот тим притискаше за победа, откако доби втор жолт картон.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кевин Трап останува во Ајнтрахт Франкфурт до 2026 година

    03/02/2023

    Месут Озил на 34 години ја завршува кариерата

    03/02/2023

    Мартинели потпишал нов договор со Арсенал

    03/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Кевин Трап останува во Ајнтрахт Франкфурт до 2026 година
    • Месут Озил на 34 години ја завршува кариерата
    • Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.