По поразот од Милан на домашен терен од 1:3, тренерот на Реал (М) Карло Анчелоти проговори за проблемите во редовите на „кралскиот клуб“.
„Треба да бидеме загрижени бидејќи тимот не игра добро во последните натпревари. Ни недостига цврстина. Исто така, факт е дека се браниме слабо, тимот не е доволно компактен. Мора да бидеме покомпактни, порационализирани. Нашата моментална ситуација не е индивидуален, туку тимски проблем. Сега треба да станеме, да се бориме и да го добиеме следниот натпревар. Мора да се фокусираме на денешниот ден. Нашиот тим не ја покажува најдобрата верзија од себе и тоа мора да го надминеме за да се бориме за сите трофеи“, изјави Италијанецот.

