Од доаѓањето на Карло Анчелоти во Евертон во декември, само Ливерпул има освоено повеќе бодови во Премиер Лигата .
Главна причината за подобрувањето на формата на тимот е смиреноста што ја наметна Италијанецот а не какви било други драстични промени во играта или тактиката. Во моментот кога градскиот ривал се стреми кон првата титула по цели 30 години, раководството на „Карамелите“ и тренерот Анчелоти размислуваат за нови успеси на „Гудисон парк“.
Mедиумите во Англија посочуваат дека системот на работа на Италијанецот максимално им ја врати самодовербата на фудбалерите кои пак, влегоа во одличен ритам.