Првиот голгетер на Реал Мадрид, Карим Бензема, вчера поради повреда на коленото, мораше принудно да го напушти мечот со Селтик во Лигата на шампионите.
Веднаш по победата во Шкотска, тренерот на „белите“, Карло Анчелоти, ги изнесе првите информации околу повредата на Французинот.
Повредата на Бензема не изгледа страшна и премногу тешка но, ќе мора да почекаме до лекарските прегледи. Се уште не е познато дали се работи за нешто мускулно, или околу коленото, не е баш јасно“ – изјави тренерот на шпанскиот состав кој триумфираше со 3-0 на „Селтик Парк“.