Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го критикуваше еден од неговите главни играчи, Винисиус Жуниор, поради преголемиот број на картони што ги добива. Бразилецот доби жолт картон и во синоќешниот пораз од Џирона со 4-2, што беше негов 14-ти картон оваа сезона.
„Премногу за играч на неговата позиција. Разговарав со Винисиус за тоа неколку пати“, изјави Анчелоти.
Анчелоти искажа незадоволство од дефанзивниот настап при поразот од Џирона, каде ја гледа и главната причина за вчерашниот тежок пораз.