Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти повторно испиша историја. 62-годишниот тренер стана првиот тренер со 5 финалиња во Лигата на шампионите.
Ова стана факт откако Италијанецот го предводеше Реал Мадрид до победа од 3:1 над Манчестер Сити во реванш полуфиналето од ЛШ и на тој начин дојде до битката за трофејот против Ливерпул во Париз.
Така, тој претекна во ваквото рангирање некои многу големи тренери како Марчело Липи, Сер Алекс Фергусон, Јирген Клоп и Мигел Муњоз, кои имаат по 4 финалиња. Италијанецот има освоено 3 титули во Лигата на шампионите – 2 со Милан (во 2003 и 2007 година), 1 со Реал Мадрид (во 2014 година) и едно загубено финале (во 2005 година).
Carlo Ancelotti = first man to coach in five European Cup finals 🔝#UCL pic.twitter.com/OgdPK0cYtX
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) May 4, 2022
Пред само неколку дена Анчелоти постави уште еден рекорд со тоа што стана првиот тренер кој станал шампион во сите големи европски првенства – Премиер лигата, Серија А, Ла Лига, Лига 1 и Бундеслигата.