Реал (М) синоќа извојува минимална победа од 1:0 на гостувањето кај Хетафе, а тренерот на тимот Карло Анчелоти отворено го критикуваше младиот Ендрик.
Во 56. минута од натпреварот Ендрик доби одлична топка во шеснаесетникот пред голманот на домашните, но наместо нормален шут за гол, тој се обиде да ја префрли топката над голманот, па беше прочитан.
Во 64. минута Анчелоти го извади од теренот.
„Тој не може да го прави тоа. Тој е млад и треба да учи. Тоа не треба да се случува во фудбалот. Таква шанса мора да се шутне со сета сила. Ова не е театар“, изјавил Анчелоти по мечот, лут на младиот Бразилец.

