Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, одговори на прашање за физичката состојба на офанзивниот играч за врска на неговата екипа, Џуд Белингем, во пресрет на финалниот натпревар од Суперкупот на Шпанија со Барселона, кој ќе се одигра утре.
Претходно се појави информација дека играчот од средниот ред би можел да го пропушти натпреварот поради преоптоварување на мускулите.
„Се е во ред, Белингем добро се опорави. Доживеа мало преоптоварување. Важно е Џуд да се опорави бидејќи влезе во добра форма. Белингем е фудбалер кој прави разлика“, изјави Анчелоти за „АС“.
Финалниот натпревар од шпанскиот Суперкуп помеѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се игра утре (недела) со почеток во 20 часот, во Саудиска Арабија.

