Шведскиот селектор, Јан Андерсон, не крие дека е среќен со ремито против Шпанија на стартот на Европското фудбалско првенство. Скандинавците вчера формираа вистински бедем пред нивниот гол и не им дозволија на домаќините да постигнат погодок.
„Создадовме неколку шанси, секако и Шпанците ги имаа. Во ниту еден случај не сум разочаран од резултатот. Ако сакаме да освоиме бодови против вакви екипи, мора да играме добро. Сепак, момчињата дадоа се од себе и јас сум должен да им честитам“ – сподели Андерсон.
Шведска на 19 мај во второто коло ќе игра против Словачка додека во последниот натпревар по групи ќе се соочи со Полска.

