Селекторот на Шведска, Јане Андерсон беше разочаран откако загуби со 1:2 од Украина во 1/8 финалето на Еуро 2020 и неговата селекција е елиминирана оа ова натпреварување. Уште полошо, тоа се случи со гол во дополнителното време во второто продолжение на натпреварот, секунди ги делеа од пенали.
„Одигравме прилично добар натпревар. Во второто полувреме имавме шанса да решиме сè, но натпреварот влезе во продолжение, а по црвениот картон главно се браневме. Настапувавме добро, па затоа е уште понепријатно. Најтешко е чувството во фудбалот да се изгуби вака кога сте толку блиску до крајот“, изјави Андерсон.
„После натпреварот сите бевме разочарани и молчевме. Што и да им кажам на играчите, ништо нема да им помогне. Само времето ќе ја залечи оваа рана. Тоа беше брутално. Сега заминуваме дома и ќе се разделиме утре. Одеднаш, сите добри работи што ги изградивме заедно завршија. Бевме близу да постигнеме нешто многу добро. Заминуваме со кренати глави затоа што тимот не ги поминал групите од 2004 година“, заклучи Андерсон.

