Селекторот на фудбалерите на Шведска, Јане Андерсон, откри што се случувало на полувремето на мечот со Белгија кој беше прекинат по грозоморниот чин во Брисел кога во терористички напад беа убиени двајца фанови на „викинзите“.
„ Дознав за информацијата само што влегов во соблекувалната, претходно не знаев ништо. Тоа беше нереално за мене, во каков свет живееме? – рече Андерсон.
„ Кога сите влегоа во соблекувалната, почнавме да зборуваме и бевме 100 проценти убедени дека не смееме да излеземе на теренот од почит кон невините жртви и нивните семејства, – изјави Јане Андерсон.