Женската фудбалска репрезентација на САД со триумф од 3-0 против Виетнам го започна настапот на Светското првенство. Селекцијата која е фаворит за златото е под водство на македонскиот стратег, Влатко Андоновски, кој има голем притисок за да го освои Мундијалот.
Американките славеа со головите на Смит (2) и Хоран. Во вториот меч во групата САД ќе се сретне со Холандија, а потоа и со Португалија.