Фудбалската федерација на Камерун информираше дека голманот на нивната селекција и на Манчестер Јунајтед, Андре Онана заработил повреда на препоните на последниот африкански квалификациски натпревар за СП 2026 со Маурициус (3:0).
„Фудбалската федерација на Камерун ја информира јавноста дека голманот Андре Онана, кој се повреди на натпреварот против Маурициус на 17 ноември 2023 година, не беше вклучен во тимот кој моментално е во Бенгази. Лекарскиот преглед направен од лекарите на репрезентацијата открија дека играчот има повреда во пределот на препоните. Фудбалската федерација на Камерун му посакува брзо закрепнување на Онана“, напишаа во соопштението на федерација на својот официјален профил на социјалната мрежа X (поранешен Твитер).