Милан објави дека напаѓачот Андре Силва е продаден на Ајнтрахт (Франкфурт). Соопштението беше објавено синоќа, а продажбата на Анте Ребиќ од германскиот тим во Милан се очекува да биде финализирана во наредните денови.
Андре Силва и Анте Ребиќ беа разменети со позајмицана две години. Потоа, двата клуба изразија желба трајно да ги задржат играчите, но преговорите за двата трансфери одеа одделно.
„Милан може да го објави трансферот на Андре Силва во Ајнтрахт (Франкфурт) со траен договор. Клубот му посакува сè најдобро во иднина и му благодари за професионалноста”, изјавија од Милан.
24-годишниот Португалец беше привлечен од „Сан Сиро“ од Порто во 2017 година за 38 милиони евра. Сепак, тој никогаш не успеа да ги оправда големите очекувања. Напаѓачот беше испратен на позајмица најнапред во Севиља, а потоа и во Ајнтрахт Франкфурт. Сега тој потпиша траен договор со Германците до 2023 година.

