Напаѓачот Андреа Белоти наскоро ќе стане играч на Рома, објави „ДАЗН Италија“.
Според изданието, Белоти ги одбил сите алтернативи што му ги понудиле агентите. Ница, Монако и Галатасарај дадоа подобри понуди од економски аспект, но римскиот клуб остана приоритет за напаѓачот. Жозе Мурињо ќе има моќна алтернатива за Тами Абрахам.
Во Рома, Белоти ќе заработува 3 милиони евра по сезона и договорот треба да биде потпишан во наредните денови. Андреа Белоти беше капитен на Торино, но од крајот на сезоната 2021/2022 е со статус на слободен играч, бидејќи договорот со неговиот досегашен клуб не беше обновен.