Новиот главен тренер на Јувентус Андреа Пирло нема намера да смета на некои од сегашните играчи на тимот. Вчера италијанските медиуми ги ставија Даглас Коста, Сами Кедира и Гонзало Игуаин меѓу оние кои ќе заминат, а покрај нив, се очекува да биде и Блес Матуиди. Францускиот играч од средниот ред веќе е понуден на клубовите Лига 1 и МЛС лигата.
Матуиди (33 години) добива по 3,5 милиони евра по сезона. Во февруари неговиот договор автоматски беше продолжен до летото 2021 година, но Пирло планира да смета на другите играчи на средина на теренот и Французинот нема да остане на стадионот „Алијанц“. Митуиди минатата сезона одигра 46 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 1 гол и оствари 2 асистенции.
33-годишниот светски шампион со Франција дојде во Јувентус во 2017 година, кога тимот од Торино му плати на ПСЖ 20 милиони евра. Во дресот на Јувентус успеа да освои три титули во Серија А, еден Куп на Италија и еден Супер куп.