Сензационалната победа на фудбалерите на Емполи на теренот на Јувентус го одбележа викенд-колото во италијанската Серија „А“.
Тоа беше само трет триумф за Емполи против „старата дама“ а прв по далечната 1999 година. Тренерот на победничкиот тим, Аурелио Андреацоли, не крие дека е воодушевен.
„Тоа е ден за кој можеме да им раскажуваме на нашите внуци, победа која ќе се прераскажува со децении“, изјави Андреацоли.