Стартниот дефанзивец на Барселона, Андреас Кристенсен, ќе биде надвор од терените во следните 3-4 недели поради повредата што ја доби во четвртокот вечерта, објави „Спорт“.
Тој предвреме ги напушти европските квалификации меѓу Данска и Финска, а од „Камп Ноу“ денеска соопштија дека се работи за повреда на потколеницата на левата нога.
Тоа значи дека Кристенсен ќе пропушти уште едно дерби против Реал Мадрид – на 5 април во полуфиналето на Купот на Шпанија. Тој нема да биде достапен за првенствените натпревари против Елче, Џирона и Хетафе. Во Барселона се надеваат дека ќе се врати за дуелот со Атлетико Мадрид на 23 април.
Данецот имаше повреда претходната есен, поради што пропушти уште осум средби.