Македонската делегација на Медитерански игри во Оран, Алжир доби лоши вести поврзани со Андреас Трајковски. Нашиот претставник во скок во далечина ќе го пропушти финалето поради покачена температура и позитивен ПЦР-тест.
„Многу сум тажен заради настанатата ситуација, затоа што моја најголема цел за оваа сезона беше да освојам медал за Македонија на Медитеранските игри во Оран. Тренинзите се одвиваа според предвидената динамика до вчерашниот ден, бев во одлична форма, но за жал Господ имал други планови за мене. Ќе се вратам уште посилен после ова“ , вели Трајковски.
Натпреварувачот во скок во далечина за жал остана без шанса да се бори за медал во Оран.