Петтата светска тенисерка, Бјанка Андрееску, објави дека нема да игра на ОИ во Токио.
„Уште од детството сонував да ја претставувам Канада на Олимписките игри, но поради сите тешкотии поврзани со пандемијата, ќе биде правилна одлука да го пропуштам турнирот“, напиша шампионката од УС Опен 2019 на социјалните мрежи.
Олимпискиот тениски турнир ќе се одржи од 24 јули до 1 август.